Промени тема
Контакт

(Видео) Роџер e тивкиот терапевт на Kлиниката за психијатрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Настани
media-library1v1s0vhsm6113mPftCO
ФБ

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија од неодамна има нов член на тимот. Станува збор за Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој за многу кратко време стана омилен и меѓу персоналот и меѓу пациентите. Неговото присуство не е случајно, туку дел од внимателно осмислена практика насочена кон унапредување на менталното здравје.

Роџер е вдомен со цел имплементација на Animal Assisted Activities – активности поддржани од животни, кои обезбедуваат емоционална поддршка, чувство на сигурност и подобрување на психосоцијалната благосостојба на пациентите. Според директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова, ваквите активности се структуирани, но неформализирани и се спроведуваат исклучиво со согласност на пациентите и под постојан надзор на стручен тим.

Присуството на куче во терапевтскиот процес, како што посочува Арсова, придонесува за полесно воспоставување доверба, подобра емоционална регулација и поголема мотивација за вклучување во терапијата. Роџер учествува во индивидуални и групни средби со пациенти, секогаш под контрола и со јасно утврдени протоколи.

— реклама —

Покрај терапевтската улога, со вдомувањето на Роџер Клиниката испраќа и порака за одговорно однесување кон животните, охрабрувајќи ја јавноста да им даде втора шанса на напуштените кучиња и да придонесе кон намалување на бројот на бездомни животни.

— реклама —

За лабрадорот е обезбедена соодветна инфраструктура – бокс и куќичка пред влезот на Клиниката, редовна ветеринарна грижа и целосно уреден здравствен и вакцинален статус. За него секојдневно се грижат вработените, а постепено, под надзор, во грижата се вклучуваат и пациенти од дневната болница кои доброволно го посакуваат тоа.

Активностите на Роџер започнуваат во утринските часови, а неговото движење е строго ограничено – нема контакт со простории каде што се подготвува храна или се чуваат лекови. Во текот на денот има и долги прошетки, најчесто со вработени или со пациенти-доброволци.

— реклама —
media-librarygr5ch8gmcilf1pFZ3n8

Лабрадорите, како раса, се меѓу најчесто користените во активности поддржани од животни поради нивната смиреност, трпеливост и висока социјална интелигенција. Тие интуитивно ги препознаваат човечките емоции и нудат присуство и утеха без наметливост, што ги прави исклучително погодни за терапевтска средина.

Сите овие карактеристики ги поседува и Роџер – куче кое, без зборови, веќе стана важен дел од секојдневието на Клиниката и симбол на една поинаква, похумана поддршка во третманот на менталното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања