ЛАБРАДОР

media-library1v1s0vhsm6113mPftCO

(Видео) Роџер e тивкиот терапевт на Kлиниката за психијатрија

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија од неодамна има нов член на тимот. Станува збор за Роџер, 2,5-годишен „чоколаден“ лабрадор, кој за многу кратко време стана омилен и меѓу персоналот и меѓу пациентите. Неговото присуство не е случајно, туку дел од внимателно осмислена практика насочена кон унапредување на менталното здравје.Роџер е вдомен со цел имплементација на Animal Assisted Activities – активности поддржани од животни, кои обезбедуваат емоционална поддршка, чувство на сигурност и подобрување на психосоцијалната благосостојба на пациентите. Според директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова, ваквите активности се структуирани, но неформализирани и се спроведуваат исклучиво со согласност на пациентите и под постојан надзор на стручен тим.Присуството на куче во терапевтскиот процес, како што посочува Арсова, придонесува за полесно воспоставување доверба, подобра емоционална регулација и поголема мотивација за вклучување во терапијата. Роџер учествува во индивидуални и групни средби со пациенти, секогаш под контрола и со јасно утврдени протоколи.Покрај терапевтската улога, со вдомувањето на Роџер Клиниката испраќа и порака за одговорно однесување кон животните, охрабрувајќи ја јавноста да им даде втора шанса на напуштените кучиња и да придонесе кон намалување на бројот на бездомни животни.За лабрадорот е обезбедена соодветна инфраструктура – бокс и куќичка пред влезот на Клиниката, редовна ветеринарна грижа и целосно уреден здравствен и вакцинален статус. За него секојдневно се грижат вработените, а постепено, под надзор, во грижата се вклучуваат и пациенти од дневната болница кои доброволно го посакуваат тоа.Активностите на Роџер започнуваат во утринските часови, а неговото движење е строго ограничено – нема контакт со простории каде што се подготвува храна или се чуваат лекови. Во текот на денот има и долги прошетки, најчесто со вработени или со пациенти-доброволци.Лабрадорите, како раса, се меѓу најчесто користените во активности поддржани од животни поради нивната смиреност, трпеливост и висока социјална интелигенција. Тие интуитивно ги препознаваат човечките емоции и нудат присуство и утеха без наметливост, што ги прави исклучително погодни за терапевтска средина.Сите овие карактеристики ги поседува и Роџер – куче кое, без зборови, веќе стана важен дел од секојдневието на Клиниката и симбол на една поинаква, похумана поддршка во третманот на менталното здравје.

Настани | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања