Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора може до крајот на годината да ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би до крајот на годинава можела да ги отвори сите преговарачки поглавја за членство во Европската Унија, но конечниот напредок ќе зависи и од политичките околности и од одлуките на земјите членки.

— реклама —

Ова го изјави главниот преговарач на Црна Гора со ЕУ, Предраг Зеновиќ, на конференцијата „Move. Link. Engage“ во Белград. Тој посочи дека ниту една држава не може со сигурност да предвиди кога некоја земја ќе стане членка на Унијата, но оцени дека Црна Гора има јасен план и континуирано работи на неговото спроведување.

— реклама —

„Вчера ги испративме до Советот на ЕУ последните преговарачки позиции за преостанатите поглавја и Црна Гора до крајот на годината може да ги отвори сите преговарачки поглавја. Дали тоа ќе се случи, не можам да дадам категоричен одговор“, рече Зеновиќ, додавајќи дека верува оти тоа ќе се реализира.

Говорејќи за билатералните прашања, тој оцени дека тие претставуваат посебен предизвик во процесот на проширување, но не треба да ги засенат принципите и критериумите врз кои се темели пристапувањето кон ЕУ. Сепак, нагласи дека земјите членки имаат суверено право да одлучуваат за напредокот на државите кандидати.

— реклама —

Зеновиќ изрази уверување дека е можно да се постигне компромис со Хрватска во предвидениот рок.

На прашањето дали Црна Гора би прифатила некаков облик членство во ЕУ без право на вето, тој одговори дека целта на земјата е полноправно членство во Унијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 3 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора денеска затвора три поглавја во преговорите со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Голем пожар во хангар на плажата Јаз кај Будва: Изгореа чамци и глисери, причинета е голема штета

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања