Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Црногорската полиција уапси платеник поврзан со руски формации: кај Данко Савиќ пронајдени оружје, експлозив и 1,5 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryhd78t7gqpasu5O7X93N
Полиција, Црна Гора

Црногорската полиција уапси државјанин на Босна и Херцеговина со постојан престој во земјата, Данко Савиќ, кој според истрагата изминатите години делувал како платеник во проруските формации на украинскиот фронт. Полицијата соопшти дека Савиќ на својата банкарска сметка имал околу 1,5 милиони евра, за кои се сомнева дека ги стекнал токму за време на неговиот ангажман во Луганск, од почетокот на 2023 до почетокот на 2025 година.

— реклама —

Апсењето е дел од широка акција со кодно име „Луганск“, во која досега се опфатени 12 лица, а се извршени претреси на 13 локации во Даниловград, Никшиќ и Подгорица. При истрагата биле запленети големи количества оружје и опрема – повеќе од 12 килограми експлозив, опрема за ноќно набљудување, различни видови муниција, делови од огнено оружје, радиоврски, сигнален пиштол и опрема за одржување оружје.

— реклама —

Полицијата наведе дека во просториите што ги користел Савиќ се пронајдени и униформи, панцири, шлемови, СИМ-картички, комуникациски уреди и документи на Црногорското козачко братство – дел од нив со различни имиња. Меѓу запленетите предмети имало и униформи и обележја на формациски групи, гас-маска, ножеви, бајонети, амблеми, како и документација што укажува на поседување вреден имот.

Црногорската ТВ „Е“ објави дека операцијата е спроведена во соработка со разузнавачките служби на две земји-членки на НАТО. Проверките биле насочени кон лица поврзани со „Балканската козачка армија“, „Црногорско-козачкото братство“ и „Ноќните волци“ – организации за кои се смета дека имаат силни врски со Русија.

— реклама —

Името на Савиќ не е непознато за полицијата. Тој беше уапсен и во јуни 2025 година, кога во неговата куќа беа откриени околу 12 килограми експлозив обликуван како ремен, по што беше гонет за нелегално поседување оружје и експлозивни материи. Медиумите претходно наведуваа дека Савиќ е поранешен припадник на Југословенската армија и дека се претставувал како „атаман“ – козачки командант – поврзан со Балканската козачка армија, формирана во Котор во 2016 година. Оваа организација, според податоците на Дигиталниот форензички центар, стои зад „Сојузот на доброволци од Донбас“.

— реклама —

Во извештаите се потсетува и дека токму организациите поврзани со козачките групи, кои се сметаат блиски до Српската православна црква, беа видливи на јавната сцена во 2021 година, за време на востоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетиње, кога нивни членови учествуваа во обезбедувањето на манастирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

biometriskakarticka

Црна Гора воведува инстант плаќања – парите ќе пристигнуваат за 10 секунди

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
Crna-gora

Опасна отровна риба забележана во Црна Гора, граѓаните загрижени

Балкан | пред 1 седмица

sajber-napad

ФБИ и црногорската полиција уапсија ирански државјанин обвинет за сајбер напади вредни 3,4 милијарди долари

Балкан | пред 1 седмица

plaza-buljarica-crna-gora-02-e1560159582627

Над 90 отсто од плажите во Црна Гора со одличен квалитет на морската вода

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања