Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ЦУК: 1 862 повици на 112 во последното деноноќие, четири пожари на отворено, внимателност заради почеста појава на змии во населби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2022-07-24-195610

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 862 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,11%, кон Итната медицинска помош 28,19%, а кон пожарникарите 2,68% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 730 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (3,02%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (39%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Четири пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие. Пожарникарите интервенирале за гаснење во: Општина Центар (една помала интервенција), Општина Битола кај с. Велушина (имало запалено ѓубре), Општина Карбинци помеѓу селата Аргулица и Црвулево (гаснеле запалена ниска вегетација) и во Општина Неготино (гаснеле запалена ниска вегетација на 0,3 хаектри и на 0,1 гаснеле запалени жито, два напуштени објекта и 12 пчелни семејства).

— реклама —

Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места и тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК). Одвојуваме, во оваа прилика, само информации, што како пример се потсетување за граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината. Конкретно, завчра (05.06.2024 - во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност - Скопје.

— реклама —

За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив.

— реклама —

ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии. Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Дел од Центар без вода, Драчево без струја – известување од ЦУК Скопје

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryelaevd8e0mdh20hQHT9

Нови детали за несреќата во Кисела Вода со затрупаните работници: Лекар побарал итна асистенција за извлекување на работниците

Скопје | пред 3 седмици

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Пожари на ѓубришта и трева низ Скопје, делови од градот денеска без струја

Скопје | пред 1 месец

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања