Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Чупеска: ДУИ и ДПМНЕ со иста агенда за раздор меѓу граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-ahmeti

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека СДСМ и на власт и во опозиција опстојува на истиот, јасен став, за кој нема никакви дилеми и недоумици, ни простор за дополнителни толкувања а тоа е дека на Уставниот суд не смее да му се врши притисок.

— реклама —

-На Уставниот суд не треба во ниту една ситуација да му се вршат било какви притисоци, за да постапува вака или онака, албанскиот јазик не смее да биде злоупотребуван против чуваствата на албанските граѓани, исто како што македонскиот јазик не треба да биде злоупотребуван против чувствата на македонските граѓани, а беше многу злоупотребуван, поготово во време на Преспанскиот договор. И како трето се што е став на СДСМ, она што ќе дојде од Венецијанската комисија, сметајќи дека тоа се највиоските демократски стандарди, врзани за Советот на Европа и човековите права и слободи мора да се земе предвид, нагласи Чупеска.

— реклама —

Потпретседателката Чупеска посочи дека практиките коишто ги применува ДУИ во периодот се како копирани од тие на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

-ДПМНЕ секој ден кажуваше дека македонскиот јазик е загрозен, дека идентитетот македонски е загрозен, па се чини како ДУИ и ДПМНЕ да читаат исти книги, да учат политика од исти книги. Идентична реторика, идентична платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик сериозно е ставен на удар, албанскиот идентитет е ставен на удар, а тоа не е вистина, затоа што законот принципиелно е формиран на темел на амандамонот 5 што прозилегува од Рамковниот договор, рече Чупеска, додавајќи дека уште поважно е што законот за јазиците има една многу специфична особина, а тоа е дека не ја територијализира употребата на јазикот, а со тоа не прави јазични енклави, а со тоа дополнително не прави етнофедерализација.

— реклама —

Во минатото слушавме од ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваа да го реалитивизираат неговото значење, инистираа на некои други тези, така што вистина веќе доста е од истите методи, истите практики коишто го клатат клатното на меѓуетнички раздор меѓу овие две партии, ДУИ и ДПМНЕ, бидејќи многу се очигледни преференциите, па дури и флоскулите им се толку слични, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања