Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Д-р Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

,,Специјализантите остануваат во фокус на СДСМ и во следниот мандат што ќе го добиеме бидејќи граѓаните ја препознаваат нашата посветеност за системско решавање на клучните прашања за здравствениот систем.

Наша цел ќе биде зајакнување на главниот столб на кој се темели иднината на македонското здравство, а тоа е задржување на младите лекари и специјалисти во земјава. Тоа ќе го постигнеме преку зголемување на платите за специјализантите и преку создавање на повеќе специјалисти што ќе останат во македонското здравство.

— реклама —

Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари.

Исто така, нашата цел е да создадеме 1.000 нови специјализанти за четири години.

— реклама —

Покрај тоа, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација и ја укинуваме партиципацијата за студирање. СДСМ и во минатото докажа дека работи на приближување на системот на здравствена заштита во земјава до здравството во земјите членки на ЕУ.

— реклама —

За потсетување, во изминатиот период, одобривме рекордни 931 специјализација и 130 супспецијализации.

СДСМ ќе продолжи да вложува и во другиот медицински кадар.

— реклама —

Планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти ќе имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари.

Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Во изминатите години рекордно ги зголемивме платите во здравството. Основната плата на специјалистите ја зголемивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20% и 23%, а на здравствените соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници и за првпат обезбедивме исплата на плати за приватните специјализанти во висина од просечната плата на општ лекар.”, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања