„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarym8vfukbt0br163EBES8
ФБ

Зоонегувателот Војо Иванов преку објава на ФБ го повика новиизбраниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски до градоначалникот да ја посети скопската Зоолошка градина и да се запознае со состојбата во која се наоѓа институцијата, а истовремено му порача за директор да го назначи Галетановски.

— реклама —

Следната година треба заедно да славиме 100 години постоење, не сум сигурен со сегашнава состојба дали нешто има за славење, за жал ние управуваме со институција во која енергијата на дневна основа многу се рефлектира на животните и секако посетителите можат исто така да ја почувствуваат.
Ние вработените „долу“, зоонегувателите, имаме специфична работа – од една страна ним да им придонесеме за благосостојба секој ден, од друга страна да мотивираме и едуцираме публика да сака и почитува природа, директорите само треба да ни бидат „сенка и ветер во грб“ за да може ние да си ја завршиме работата.
Ве замолувам и предупредувам од ризик на нови експерименти, институцијата ни е во многу тешка состојба!
Целиот мој живот го фокусирав на работа со животни.
Целата моја енергија ја посветувам таму на Илинденска, сега веднаш до вашата канцеларија.
Кога имате време, посетете не па и ќе не запознаете како тим.
Претходно ме мотивиравте со интервју во кое се трудите да ја добиете довербата со изјавата дека директно ќе се вклучите во работата на секоја јавна установа, иако да признам не гласав за Вас, се надевам дека коректно ќе постапите и дека ќе ме уверите дека сум згрешил!
Би сакал да не води човек кој ќе не слуша, кој ќе има пасија и желба да научи првично за нашата работа, а потоа (неопходно) добар менаџер.
Мој предлог беше да го вратите Ѓорѓи Галетановски.

— реклама —

Зашто навистина немаме време и капацитети да експериментираме – а тој се надевам ќе се откаже од сегашните ангажмани и ќе се врати? Тука сме истите луѓе, истиот простор и животни, само таа позиција е различна – покажавме дека од институцијава може да направиме добра приказна.
П. С. мислам дека со годините покажав доволно дека немам апсолутно никакви амбиции да бидам на таа функција! Затоа и молам статусов да не се доживее за таков – уживам денот да го поминам во штала, во базен, да мирисам на бара, риба, по малце на камили, да бидам искасан од пингвини, а во џебовите да перам кликери и таблети, витамини – уживам да шетам и раскажувам на деца за природата, па дури и да урлам и се карам за викенди со публика (господо).
Барам / замолувам – само да можеме да работиме!!!
Благодарам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Скопје | пред 1 месец

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Кирков: Пред три дена угинало младо мајмунче во ЗОО Скопје – бара итен целосен преглед и можeн привремен застој на работата

Скопје | пред 4 месеци

lami

Ламите во ЗОО Скопје починале од туберкулоза

Скопје | пред 6 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Зоолошка градина во Скопје се отвора повторно од сабота

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања