„Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, вели Илиески за Мирковиќ кој го нападна Мицкоски поради Лукас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryvvh6642da41pcCF3F9r

По приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, тензиите меѓу дел од српската естрадна сцена и македонската политичка јавност дополнително се засилија. Најостри реакции дојдоа од Саша Мирковиќ, директор на „Хајп ТВ“, кој упати серија провокативни критики кон премиерот Христијан Мицкоски, алудирајќи дека апсењето било политички мотивирано од Цеца која изминатите недели на еден од настапите подигна бугарско наместо македонско знаме, кое го добила од публиката.

— реклама —

„Мислев дека Мицкоски е премиер на Северна Македонија, а не Северна Кореја“, изјави Мирковиќ, додавајќи дека доколку постоеле неправилности, институциите требало да реагираат кон клубот, а не кон изведувачот. Тој го повика премиерот да се „откачи од црната вдовица“, алудирајќи на претходни контроверзии.

На неговите изјави остро возврати Богдан Илиевски, член на ВМРО-ДПМНЕ и водител на „Вечерното шоу“. Тој оцени дека Мирковиќ шири невистини и го обвини за обиди за манипулација со јавноста.

— реклама —

„Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, порача Илиевски, обвинувајќи го Мирковиќ дека со години профитирал во земјава, а сега се обидува да ја политизира ситуацијата со приведувањето на Лукас.

Инцидентот со турбо-фолк пејачот, настана кога тој беше приведен поради настап без дозвола, а во клубот, МВР кажа дека констатирале неиздавање фискални сметки и надминување на дозволениот број гости во локалот. Ова прерасна во регионална медиумска тема. Истовремено, МВР останува на ставот дека интервенцијата била исклучиво по основ на прекршоци и без политички мотив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygbl2nto0vcr1cHVhFlW

По приведувањето во Кавадарци, Аца Лукас повторно во центар на скандал: Му го откажаа концертот во Република Српска

Магазин | пред 1 месец

2655975_ana-paunkovic-3_ff-700x467

Аца Лукас најави нов концерт во Скопје во декември: Приходот ќе биде за семејствата на жртвите во Кочани

Магазин | пред 2 месеци

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

Македонија | пред 2 месеци

media-library8pq506eij0b9dPMyJyN

Се огласи и кафулето каде настапи Аца Лукас: Сè беше по закон

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања