Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Да се формира инспекторат за државните симболи, бара Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
271677508_733133437657379_5055645123946271102_n

„Поради континуираното непочитување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната, Левица до Собранието ќе поднесе предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти“, велат од Левица и додаваат:

Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација.

— реклама —

Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи.

Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето.

— реклама —

Потсетуваме дека Левица ова прашање го истакна уште во својата Македонска платформа за пост-изборно коалицирање, како една од петте клучни точки:

„Строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.... задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери.“

Македонската платформа на Левица е клучен инструмент за зачувување на унитарноста и достоинството на Република Македонија. Повторно апелираме до сите политички партии ова прашање да го третираат како црвена линија, која не смее да биде предмет на политички компромиси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

„Полицајците со истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Премиерот може да ја менува реториката но, сметката за струја ја кажува вистината“, велат од Левица

Македонија | пред 4 дена

media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања