Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243 милиони заради бизнис зделки?, праша Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра, најмногу средства ќе добие токму Општина Куманово, речиси 243 милиони денари. Овој податок отвора сериозни прашања: Дали градоначалникот и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е награден за неговата (не)успешност во досегашното управување со градот, кое за осум години резултираше со два кружни текови и вечно крпење на сообраќајни сигнализации, или пак ова е награда за неговата коруптивна соработка со ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години заедничко владеење?“, велат од Левица и додаваат:

Граѓаните сè уште паметат проекти кои претставуваат симболи на фијаско и криминал. Таков е примерот со „НБА семафорот“ за кој беа потрошени вртоглави 10 милиони денари. Се уште е свежа и аферата со ДУП-от за „Лидл”, кој беше протуркан во соработка со ДПМНЕ и ДУИ, а во имтерес на блиски роднини на градоначалникот.

— реклама —

Од проектите со кои Максим конкурирал за средства може да се издвојат проектот за атмосферска канализација на ул. Бајрам Шабани, договорен на 6 јануари 2025 година. До денес, улицата е сè уште раскопана, непроодна, а жителите со месеци објавуваат снимки од пукнати цевки и нестручно изведени работи, за што Левица и претходно информираше.

Втор пример е гасоводната мрежа на ул. В. С. Бато во Зелен Рид, договор склучен на 18 февруари 2025. Делот од улицата каде што е вградувана мрежата не е повторно асфалтиран и претставува директна опасност за учесниците во сообраќајот и за жителите.

— реклама —

Овие примери јасно покажуваат дека Димитриевски нема капацитет ниту за планирање, ниту за спроведување на јавни инвестиции. Токму затоа, Левица прашува дали средствата од унгарскиот кредит се доделени поради спремноста на Максим и локалните владини функционери на коалицијата ЗНАМ-ДПМНЕ-ДУИ за учество во нова шема на поделба на јавните пари преку надувани проекти, тендери и провизии?

— реклама —

Во време кога на граѓаните им недостигаат основни услуги, доделувањето на милионски средства на истите тие структури кои зад себе оставаат недовршени улици, расфрлани пари и мирис на корупција, е чин на продолжување на една длабоко корумпирана политичка пракса. Левица ќе продолжи да го следи трошењето на овие средства, да алармира за злоупотреби и да бара отчет до последен денар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања