Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Дејан Георгиевски доминираше во Скопје: Златен медал на меѓународниот таеквондо турнир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library72rs513u87t1egQKGZz

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, го освои златното одличје на меѓународниот турнир „Скопје Опен Г1“, кој се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Пред домашната публика, Георгиевски покажа врвна форма и доминација во својата категорија.

— реклама —

На патот до златото, македонскиот шампион оствари четири убедливи победи: во првото коло го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во второто коло го победи актуелниот европски шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го совлада освојувачот на светска бронза Пашко Вожиќ од Хрватска, а во финалниот дуел доминантно славеше против Илиа Рудерман од Израел.

— реклама —
— реклама —

Со овој триумф, Георгиевски обезбеди значајни бодови за светската ранг-листа, кои се клучни за обезбедување олимписка норма. Турнирот „Скопје Опен Г1“ годинава привлече над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, што го прави еден од најмасовните спортски настани во земјата.

— реклама —

Успехот на Георгиевски е потврда за континуираниот раст на македонското таеквондо и потенцијалот за нови медали на најголемите светски натпреварувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydmfrqmfj2e8rdpYbURH

Македонска радост во Софија: Ведрана Тунески освои сребро на Гран-при турнир од светска класа

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library8ae0uohlejt08NgTkCQ

(Видео) Давид Божиновски освои злато во Србија, обезбеди поени за Европско првенство

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp976l5340srm8rDGxwK

Скопје станува центар на олимпиското таеквондо – стартува Скопје Опен 2026

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryicikl4ejqk8r0rMNR9Y

Бронза за Македонија на Светскиот куп „King of Taekwon-do“ во Солун

Спорт | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања