Промени тема
Контакт

Македонска радост во Софија: Ведрана Тунески освои сребро на Гран-при турнир од светска класа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydmfrqmfj2e8rdpYbURH

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои сребрен медал на престижниот Гран-при турнир во Софија, еден од најсилните меѓународни турнири во олимписко таеквондо.

Репрезентативката на Македонија и членка на Таеквондо клуб Бутел до одличјето во категоријата кадетки до 51 килограм стигна со три убедливи победи против натпреварувачки од Грција, Хрватска и Кипар.

На стартот Тунески со 2:0 ја совлада Георгија Фрагиодаки од Грција, а потоа со ист резултат беше подобра и од Ема Бикиќ од Хрватска.

— реклама —
media-libraryopuv7pfm237r62tusR4


Во полуфиналето, македонската надеж приреди уште поголемо изненадување совладувајќи ја прворангираната Елеана Антониу од Кипар и обезбедувајќи место во финалето.

— реклама —

Во борбата за златниот медал, Тунески загуби со 0:2 од бугарската натпреварувачка Викторија Кулишева и го освои среброто.

Со овој резултат Ведрана Тунески обезбеди директен пласман на финалниот Гран-при турнир што ќе се одржи во декември 2026 година.

— реклама —

Тунески веќе подолг период се наметнува како една од најперспективните македонски спортистки во олимписките спортови, а овој резултат дополнително ја потврдува нејзината позиција меѓу најдобрите во светот во нејзината возрасна категорија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8ae0uohlejt08NgTkCQ

(Видео) Давид Божиновски освои злато во Србија, обезбеди поени за Европско првенство

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library72rs513u87t1egQKGZz

Дејан Георгиевски доминираше во Скопје: Златен медал на меѓународниот таеквондо турнир

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryp976l5340srm8rDGxwK

Скопје станува центар на олимпиското таеквондо – стартува Скопје Опен 2026

Спорт | пред 5 месеци

media-libraryicikl4ejqk8r0rMNR9Y

Бронза за Македонија на Светскиот куп „King of Taekwon-do“ во Солун

Трендови | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања