Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.
На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.
Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен“, вели Коцевска.
Но, обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.
Од управата апелираат да не се земаат предвид паушални изјави што го нарушуваат угледот на затворот. Појаснуваат дека редовни претреси се прават во сите ќелии, а не само кај него.
Според адвокатката Коцевска нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.
Сопственикот на објектот во кој беше сместен „Пулс“ се буни дека не можел да седи пет саати во судница, судијката му се закани со притвор
Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натак
Македонија | пред 3 месеци