Промени тема
Контакт

Делото на браќата Кирил и Методиј е стожерот на македонското наследството и фундаментот на кој денес почиваат и европските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4095

По повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј се одржа трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ на која се обрати Ѓоко Ѓорѓевски кој што истакна дека мисијата на браќата Кирил и Методиј е единствена а ние сме горди на нив и нивното творештво.

— реклама —

„Забележани се многу мисии економски, политички, религиозни но чинам дека оваа мисија на браќата Кирил и Методиј е единствена затоа што е просветителска за нас, за целиот словенски род па и за нас македонците. Еден вид на ориентација и инспирација за тоа како треба навистина да изгледа една црковна мисија. Тоа тие што го направиле е во еден процес на инкултурација тоа значи дека се обиделе на еден автентилчен начин да го пренесат божјото слово не обидувајќи се врз никого да влијаат врз нечиј идентитет или јазик туку на автентичен начин да го пренесат создавајќи писмо создавајќи зборови преведувајќи ги свештените списи и народот на кој што им било предавано да можат тоа да го направат како свое и врз основа на тоа потоа да го градат својот идентитет сите словенски народи па така и нашиот“ кажа Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски - Скопје.

— реклама —
— реклама —

Панов ја истакна важноста на Кирил и Методиј кои се стожери на наследството и постоењето на Македонија.

— реклама —

„Јас не би рекол дека не натераа да заборавиме на минатото туку да прифатиме ново минато со што ќе станеме нешто друго од тоа што сме и тука ја гледам клучната поента и на мисијата на Кирил и Методиј. Кирил ги засрамил тогашните политички и црковни елити обезбедувајќи рамноправност на словенскиот јазик со што тој издејствувал во Рим да се изведе словенската богослужба во пет цркви, нешто што е чин на признавање не само на словенскиот јазик туку и правата на сите словенски народи. Човековите права што се денес фундаментот на кој што почиваат европските вредности. Токму тука е таа порака која што ние како држава Македонија и како македонски народ сме заслужни за одржувањето на мемеоријата и наследството на Кирил и Методиј особено преку култот на Климент Охридски кој што непосредно и директно ги проширил и ги зачувал оригиналните изворни традиции на Кирил и Методиј па преку Охридската Архиепископија и потоа стануваат стожери на тоа наследство и тука е суштината на нашата држава и зачувувањето на европските вредности.“ кажа Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ - Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 46 минути

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања