Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Демократските држави повторно ја тужат администрацијата на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Група американски сојузни држави предводени од демократите поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, барајќи да се блокира одлуката со која имиграциските власти би добиле пристап до личните податоци на семејства што користат програми за парична помош.

— реклама —

Тужбата е поднесена до федералниот суд во Вашингтон и се однесува на одлуката што во јуни ја донесе Управата за деца и семејства при Министерството за здравство на САД. Со неа се дозволува споделување на податоците за корисниците на програмата за привремена помош на загрозени семејства (TANF) со други федерални институции.

— реклама —

Тужителите тврдат дека проверката на условите за користење на оваа помош е надлежност на сојузните држави, а не на федералната влада. Според нив, новата политика би овозможила податоците да се споделуваат и со Министерството за внатрешна безбедност за проверка на имиграцискиот статус на корисниците.

— реклама —

Од Калифорнија ја обвинија администрацијата дека ја злоупотребува програмата наменета за помош на сиромашните семејства за спроведување масовен надзор, додека државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, оцени дека наместо да им помага на семејствата, администрацијата ги претвора програмите за борба против сиромаштијата во средство против најранливите граѓани.

— реклама —

Од Управата за деца и семејства засега не ја коментираа тужбата, но претходно соопштија дека мерката е неопходна за да се обезбеди проверка на државјанството или имиграцискиот статус пред исплатата на финансиската помош. Новите правила треба да стапат во сила на 11 август.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Истрага во САД за 1,2 милиони возила на Ford: Воздушните перничиња предизвикале изгореници од трет степен

Свет | пред 2 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел разгледуваат нов напад врз Иран за да го засилат притисокот врз Техеран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања