Промени тема
Контакт

Денес двочасовен прекин на струја во Гази Баба, Чаир, Железара и Автокоманда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
evn-rabotnici

Поради реализација на инвестициски зафат за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН.

— реклама —

Прекинот во снабдувањето ќе трае од 06:05 до 08:05 часот, а активностите се спроведуваат со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на снабдувањето со електрична енергија.

— реклама —

Во наведениот период без струја ќе бидат поголемиот дел од Гази Баба, Автокоманда, Железара, поголемиот дел од Чаир, Серава, Саук Чешма, Даме Груев, дел од Бутел кој се граничи со Железара, Ист Гејт, Кнауф, како и помал дел од Топанско Поле.

— реклама —

Прекин во снабдувањето ќе има и кај Природно-математичкиот факултет, Хемискиот институт, Шумарскиот факултет, Ветеринарниот институт, Хотел „Континентал“ и Општина Гази Баба.

Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за привремените прекини, кои се дел од активностите за подобрување на електродистрибутивната мрежа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

struja

Денес прекини на струја на повеќе локации во Скопје – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
struja-1

Без струја денес делови од Бутел, Кисела Вода и Карпош

Скопје | пред 2 седмици

EVNzgrada

Како е спроведена набавката на електрични броила која се најде во партиски препукувања деновиве?

Македонија | пред 2 седмици

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Без струја делови од Радишани во текот на денот

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања