Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Денеска пауза, утре продолжува комисиското „кроење” на буџетот за 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pari-1

Пратениците денес ќе одмораат а седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, во 12 часот.

— реклама —

Власта и опозицијата имаат спротивставени мислеа. Пратениците од власта го бранат Буџетот како одржлив и развоен со вклучена социјална компонента.

— реклама —

„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат”, рече Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.

— реклама —

Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library2cmec3vv0c32cZIPDqd

Серафимовска: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Glavna-fotka-1

СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Македонија | пред 1 ден

pari-1

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања