„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Стоп за Усје“ денеска маршира низ Скопје, ТИТАН Усје ги отфрла обвинувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје денеска организира протестен марш во Скопје, со почеток во 12 часот, со цел, како што наведуваат, да извршат јавен притисок за поефикасна институционална реакција во заштитата на правото на чист воздух. Маршот започнува пред Владата, продолжува кон Собранието и завршува пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

— реклама —

Од иницијативата посочуваат дека со месеци испраќале барања и дописи до надлежните институции, но дека не добиле конкретни одговори, поради што одлучиле повторно да излезат на улица. Порачуваат дека ниту еден економски профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните и дека нема да се повлечат сè додека, како што велат, јавноста се уверува со податоци и мерења „што ги прави самата фабрика“.

„Стоп за Усје“ нагласува дека протестот е граѓански и дека нема да се дозволи партиска промоција, партиски симболи или политичка злоупотреба, повикувајќи маршот да помине мирно, без насилство и говор на омраза.

— реклама —

Наспроти овие обвинувања, од ТИТАН Усје реагираат дека нападите кон компанијата се неаргументирани и тенденциозни и дека не придонесуваат за решавање на проблемот со амбиенталниот воздух. Од компанијата тврдат дека целосно ја разбираат загриженоста на граѓаните, но дека фактите покажуваат оти цементарницата не е причина за загадувањето во Скопје.

Според нивното соопштение, дури и во периодот кога двете печки не работеле поради редовен ремонт, концентрациите на ПМ10 честичките достигнувале високи вредности, што, како што наведуваат, укажува дека изворите на загадување треба да се бараат и во други сектори – загревањето на домовите, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено. Од ТИТАН Усје додаваат дека како носител на А-интегрирана дозвола се под континуиран 24-часовен независен мониторинг на емисиите, дека мерните уреди се поставени од германската компанија SICK и дека резултатите од мерењата се јавно достапни.

Компанијата наведува и дека во изминатите шест години инвестирала над 36 милиони евра, од кои значителен дел биле наменети за унапредување на заштитата на животната средина, додавајќи дека не ги надминува граничните вредности утврдени со дозволите и дека тие се построги од законските стандарди.

И покрај спротивставените ставови, денешниот протестен марш повторно го става прашањето за загадувањето и одговорноста на институциите и индустријата во фокусот на јавноста, при што граѓаните бараат транспарентност, доверливи податоци и системски решенија за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7a1ktq9ij2sv8vQngoY

(Видео) Со забава, се бараше „Стоп за Усје“ иако фабриката вели дека не се одговорни за загаденото Скопје

Скопје | пред 6 часа

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

Усје: 29 милиони евра сме инвестирале во еколошки технологии

Македонија | пред 8 часа

media-library2ug7u6h9a56ddBO8rgk

Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок

Скопје | пред 5 дена

media-libraryovbfifdsujns0Yx72Pr

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања