Општина Кисела Вода со известување: Затворена улицата „4“ во Усје поради санација, возачите да ја користат улицата „Стаклара – Каменик“
Жителите на селото Усје ќе треба привремено да користат алтернативна сообраќајна траса поради санација на улицата „4“, информира Општина Кисела Вода преку официјалната фејсбук страница.Улицата ќе биде затворена за сообраќај додека траат работите, а како алтернативен правец граѓаните ќе можат да ја користат улицата „Стаклара – Каменик“.
Скопје | пред 1 седмица