Промени тема
Контакт

Не само „Усје“, сите загадувачи мора да се дислоцираат од центарот на Скопје, вели Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-libraryp9i3cdhieumpeEoKEHq

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги поддржува едногласно изгласаните заклучоци на советниците во Советот на Град Скопје, за дислокација на цементарница „ Усје’’, за справување со аерозагадувањето и најави средби со премиерот и со заменик-министерката за животна средина за решавање на проблемот.

Градоначалникот смета дека цементарницата „Усје“ не е единствениот проблем и дека е потребна поширока стратегија за преместување на тешката индустрија надвор од градот.

— реклама —

„За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади.Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка“, рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Сител.

Ѓорѓиевски кажа и дека инспектори веќе делуваат на терен, иако тоа било без медиумска помпа. Досега, како што рече, биле изречени неколку казни во висина од 53 000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола.

— реклама —

Усвоена е и мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците.

— реклама —
media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

ТИТАН Усје: Загадувањето во Скопје не е поврзано со нашата работа

Компанијата ТИТАН Усје со јавно соопштение реагира на обвинувањата дека е еден од причинителите за лошиот квалитет на воздухот во Скопје, нагласувајќи дека целосно ја разбира загриженоста на јавноста, но дека ваквите тврдења не се засноваат на факти, научни податоци и мерливи показатели.Од компанијата истакнуваат дека ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во цементната индустрија и применува технологија која е на исто ниво со водечките компании во Европската Унија. Според нив, с

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 3 дена

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 5 дена

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања