„Стоп за Усје“ бара 24/7 мерење во реално време, од Кисела Вода појаснуваат: Станиците не можат да се интегрираат во AirCare

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Скопје
46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ јавно алармира дека податоците за загадувањето од индустриската печка во Усје не се достапни во реално време, иако, според нив, постојат технолошки услови за нивно непрекинато следење. Од иницијативата тврдат дека проблемот не лежи во опремата, туку во одлуката на институциите информациите да не ѝ бидат целосно достапни на јавноста. Ова доаѓа о покрај уверувањата на фабриката дека загадувањето не доаѓа од нивниот круг.

— реклама —

Како што наведуваат, до Општина Кисела Вода било доставено барање мерната станица поставена во дворот на Усје да овозможи јавно мерење 24 часа дневно, со директна интеграција во апликации за следење на квалитетот на воздухот, меѓу кои и AirCare. Од општината, според иницијативата, било одговорено дека мерните станици не располагаат со систем што поддржува 24-часовна достапност на податоците.

— реклама —

„Стоп за Усје“ го отфрла ваквиот одговор како неточен, тврдејќи дека мерната станица е модел „Aeroqual AQS-1“, уред кој, според техничките спецификации, поддржува континуиран онлајн пренос на податоци преку различни комуникациски канали, вклучително и безжична мрежа и мобилен интернет, како и интеграција преку облак и програмски интерфејс.

— реклама —

Иницијативата дополнително наведува дека уредот има можност да мери не само ПМ10 и ПМ2,5 честички, туку и сулфур диоксид и азотни оксиди, гасови кои се поврзуваат со согорување на петролкокс и јаглен. Според нив, овие параметри во моментов не се прикажуваат јавно.

Наместо континуирани податоци во реално време, како што посочуваат, институциите објавуваат селективни дневни извештаи во ПДФ-формат, што, според иницијативата, не претставува вистинска транспарентност. „Проблемот не е технологијата, туку одлуката податоците да се кријат“, се наведува во нивното соопштение.

Од иницијативата потсетуваат дека мерната станица била поставена во 2024 година, кога тогашниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавил дека здравјето на граѓаните мора да биде на прво место и дека е потребен неселективен ангажман на градските и централните власти. „Сега е 2026 година – кој е на потег?“, прашуваат од „Стоп за Усје“, барајќи институционална одговорност и целосна јавност на податоците.

Иницијативата апелира до граѓаните активно да се вклучат и да извршат притисок врз институциите, оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес кое директно се однесува на здравјето и квалитетот на живот во градот.

media-librarybr5l0oqukl9u2kQ6HAs

Сепак УСЈЕ тврди дека загадувањето не доаѓа од нивната фабрика.

cementara

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух, велат од ТИТАН Усје„Потенцираме дека: Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар. (Во прилог табели) ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни. Мерните инструменти се поставени од страна на SICK- Германија, и ТИТАН Усје нема никаков пристап до овие инструменти, односно се работи за независен мониторинг. Точноста на овие мерења се потврдува со редовна калибрација на уредите за мерење и повеќекратна проверка и од страна на овластени меѓународни тела. Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина. Сите независни студии, преку хемиска анализа на депозитот од амбиентниот воздух, укажуваат дека индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови. Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајно решение во интерес на сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања