Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Усје: 29 милиони евра сме инвестирале во еколошки технологии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од седум децении работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои болници, брани и патна инфраструктура.

— реклама —

Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека внимателно ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина.

„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата од А-интегрираната еколошка дозвола, при што често применуваме и построги внатрешни стандарди од законските“, информираат од Усје.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека емисиите се мерат континуирано преку 24-часовен независен мониторинг, а податоците се јавно достапни и редовно се доставуваат до надлежните институции и медиумите. Според компанијата, редовните и ненајавени инспекции не констатирале надминување на законските лимити.

— реклама —

Како дел од Групацијата ТИТАН, компанијата нагласува дека се придржува до меѓународно признати ESG стандарди и принципи на модерно корпоративно управување.

Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала над 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни 3 милиони евра се планирани до 2029 година.

„Нашите приоритети остануваат јасни – силни партнерства, благосостојба на вработените и континуирана поддршка за заедницата“, наведуваат од компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaggf6mfmmbjo6Z1m0WM

(Фото) Се раздвојува асфалтот на улиците во Усје, жителите прашуваат: „Како Теферич треба да се случи и во Усје?“

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryjsvb8chcv6j1bXNz9M4

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска на протестен марш пред Собранието

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjrlnj2te5acb2URnvnb

Нов судир околу еколошката дозвола на Усје: Активистите најавија марш, компанијата ги отфрла обвинувањата

Македонија | пред 4 месеци

media-library2m7m04bqrv9e4HmQDlS

Министерство за животна средина ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања