Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Нов протест за Усје следната недела, граѓаните не отстапуваат од борбата за чист воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Жителите од населбите околу цементарницата „Усје“ на 21 јануари повторно излегуваат на улица. Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави мирна блокада во 18 часот на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, тврдејќи дека загадувањето на воздухот и понатаму се игнорира од институциите.

— реклама —

Клучното барање останува поставување независни мерни станици со јавно достапни податоци во реално време, 24 часа дневно. Според иницијативата, без ваков систем граѓаните немаат можност да проверат што навистина дишат.

Од цементарницата, пак, и понатаму се повикуваат на еколошките дозволи и на постојните мониторинг-рамки. Компанијата во повеќе наврати нагласува дека работи согласно законските стандарди и дека контролите на државните институции го потврдуваат тоа.

— реклама —

Инаку, на седница одржана кон крајот на декември 2025, Советот на Град Скопје со 41 глас „за“ од вкупно 45 советници донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да побара од Владата да започне постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и други големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина.

Иницијативата, поднесена од советниците од „Зелен хуман град“, беше едногласно прифатена, со вкучен акцент на тоа дека Град Скопје нема директни ингеренции да ја дислоцира фабриката, но може да побара од Владата официјално да ја разгледа можноста и да започне со следење на исполнувањето на еколошките стандарди.

Советот исто така се обврза да побара од Државниот инспекторат за животна средина да спроведе низа контроли за да се утврдат фактичките емисии и дали „Усје“ ги почитува условите од своите дозволи.

Новата блокада доаѓа во момент кога институционалниот процес е отворен, но без конкретни чекори. За жителите, како што порачуваат, прашањето е едноставно – право на чист воздух пред сè друго.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2m7m04bqrv9e4HmQDlS

Министерство за животна средина ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library7a1ktq9ij2sv8vQngoY

(Видео) Со забава, се бараше „Стоп за Усје“ иако фабриката вели дека не се одговорни за загаденото Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

Усје: 29 милиони евра сме инвестирале во еколошки технологии

Македонија | пред 2 седмици

media-library2ug7u6h9a56ddBO8rgk

Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања