Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Дали мерната станица во „Усје“ може да овозможи онлајн пристап до податоците?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
usije

Општина Кисела Вода и граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ влегоа во јавна полемика околу функционирањето и транспарентноста на мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Титан-Усје“.

— реклама —

Од Општината соопштија дека со изненадување ги примиле обвинувањата изнесени на прес-конференција на иницијативата и најостро ги демантираат, оценувајќи ги како клевети и дезинформации. Според нив, грижата за здравјето на граѓаните е приоритет, а мерната станица работи во интерес на јавноста, при што сите измерени вредности се јавно достапни преку официјалната веб-страница.

Општината наведува дека техничките карактеристики на станицата во овој момент не дозволуваат директна интеграција во надворешни апликации, поради што податоците се ажурираат рачно и се објавуваат секојдневно. Воедно, посочуваат дека градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска остварила средба со претставници на иницијативата веднаш по нивното барање и дека комуникацијата со општинските служби е континуирана. Од локалната самоуправа упатија и јавен повик до иницијативата, заедно со стручен тим, да извршат увид на лице место во точноста на податоците.

— реклама —

Од друга страна, „Стоп за Усје“ ги отфрла квалификациите дека станува збор за лични напади или задни намери, наведувајќи дека нивната цел е единствено институциите да преземат одговорност во борбата против загадениот воздух. Според иницијативата, мерниот уред поставен во 2024 година е модел Aeroqual AQS-1, кој, како што тврдат, според спецификациите поддржува онлајн пренос и API, а мери PM10, PM2.5, SO₂ и NOx.

— реклама —

Тие прашуваат што значи тврдењето на Општината дека „во овој момент“ не е возможна интеграција, кога, како што наведуваат, производителот на уредот посочува дека овозможува таква функција. Иницијативата додава дека на средбата со градоначалничката не биле разгледувани детални технички аспекти, освен најавата дека со новите станици ќе може да се овозможи надворешно преземање на податоци, наместо досегашното земање преку УСБ од оџакот на цементарницата.

„Стоп за Усје“ потенцира дека постои заради, како што наведуваат, уставно загарантираното право на чист воздух и дека наместо меѓусебни обвинувања, очекуваат конкретни чекори за целосна функционалност и транспарентност на мерната станица.

— реклама —

Полемиката се одвива во контекст на пошироката јавна дебата за квалитетот на воздухот во Скопје и потребата од поголема достапност и проверливост на податоците за загадувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb2np43r8lnee7DpQxee

Инвеститорот по пожарот во Кисела Вода: Каблите не се дел од нашата инсталација, бараме независна истрага

Настани | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryb2np43r8lnee7DpQxee

(Видео) „Се тропаше по вратите, сите бегаа надвор“: Драма во Кисела Вода по пожарот пред нова станбена зграда од електрична инсталација

Настани | пред 2 седмици

media-librarygbr860nofcq62IbK40V

(Фото) Огромна дупка на улица во Кисела Вода, граѓаните поставија картонска кутија како предупредување

Скопје | пред 1 месец

media-librarykiu3nc592m9f0KEOFvD

Утринска вознемиреност во Припор: Жителите реагираат на социјалните мрежи за глутница кучиња

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања