Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски за протестот „Стоп за Усје“: Секој има право да го искаже незадоволството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryag70lrms86u80RiAsJi

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека протестите се легитимно демократско право и дека секој граѓанин има право јавно да го искаже своето незадоволство, коментирајќи го денешниот протест под мотото „Стоп за Усје“.

— реклама —

„За денешните протести многупати сум кажал дека секој има право да го изнесе своето незадоволство преку протест. Ние како Влада правиме сѐ за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е правено – немам што да кажам“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека актуелната Влада презела конкретни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, меѓу кои и потпишување договори за изградба на когенеративни централи и системи за далечинско греење, како и донесување одлуки за набавка на електрични автобуси, кои, како што нагласи, не се наменети само за Скопје.

Според Мицкоски, институциите работат на сите можни начини за да им се обезбеди на граѓаните поздрава и почиста средина, потенцирајќи дека граѓанските реакции и протести се составен дел од демократското општество.

— реклама —

„Тоа што сега група граѓани излегува да протестира, јас го поддржувам секој протест, и тоа мора сите да го правиме“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека правото на протест е клучен механизам преку кој граѓаните го искажуваат својот став и бараат промени.

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.Од иницијативата ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат и порачаа дека досега испратиле барања до повеќе институции, но, според

Скопје | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 12 часа

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 13 часа

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања