Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски: Ако „УСЈЕ“ е проблем за граѓаните, дислокацијата не е проблем за Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-librarydpbp889sqqc32ni9GD4

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи во рамки на своите ингеренции по заклучоците донесени од Советот на Град Скопје за цементарницата „УСЈЕ“, нагласувајќи дека и вонредните инспекциски контроли и евентуалната дислокација не претставуваат проблем доколку тоа е во интерес на граѓаните.

„Се бараат вонредни инспекциски проверки и тие веќе се спроведуваат. Што се однесува до дислокацијата, ниту тоа не е никаков проблем за Владата. Сѐ што е проблем за граѓаните е проблем и за нас. Јас ги разбирам граѓаните, тие секогаш се во право – сите тука живееме и го дишеме овој воздух“, изјави Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека суштината на проблемот со загадувањето е резултат на децениска негрижа во обезбедувањето еколошки системи за затоплување, како далечинско греење и гасификација, посочувајќи дека Владата работи на проект во таа насока. Притоа, премиерот нагласи дека загадување има и во други градови каде што нема големи индустриски капацитети, што, според него, укажува дека причините се пошироки и посложени.

Изјавата на Мицкоски доаѓа откако Советот на Град Скопје по маратонска седница што траеше 13 часа едногласно ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за започнување постапка за дислокација на цементарницата „УСЈЕ“ од Кисела Вода, односно надвор од скопската котлина. Со донесените заклучоци, Градот се обврзува да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина за целосна проверка на работењето на „УСЈЕ“ и останатите големи загадувачи, како и да побара низа ненајавени, вонредни инспекциски надзори од Државниот инспекторат за животна средина.

— реклама —

Дополнително, општините во Скопје, пред сѐ Општина Кисела Вода, ќе треба внимателно да постапуваат при креирањето на идните урбанистички планови, а градоначалникот на Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „УСЈЕ“ и другите големи индустриски капацитети, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.

Од компанијата ТИТАН Усје ги отфрлија обвинувањата дека се еден од главните извори на загадување, тврдејќи дека работат согласно најдобрите достапни техники во Европската Унија и дека не ги надминуваат законски дозволените лимити. Според нивното интегрално соопштение, мерењата на емисиите, како од сопствените системи така и од независни лаборатории и Државниот инспекторат за животна средина, покажуваат дека вредностите се во рамки на дозволеното, а во дел од параметрите и повеќекратно пониски од законските граници.

Заклучоците од седницата на Советот на Град Скопје ќе бидат доставени до Владата, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и сите скопски општини, додека од „Зелен хуман град“ најавија дека внимателно ќе го следат секој чекор од процесот, со порака дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6oclipb5adq35pyPbtQ

Мицкоски: Кризната енергетска состојба ќе биде продолжена за уште шест месеци

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски за обвинувањата за задолжувањето: Јавниот долг е зголемен за помалку од 1,4 милијарди евра, а БДП за 4 милијарди

Македонија | пред 5 часа

media-librarykbianta8f6embZDgITt

Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез

Скопје | пред 6 часа

media-library5b7g1q31lmocdAZsh1g

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања