Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Ѓорѓиевски: Не може преку ноќ, но мора да се работи на дислокација на цементарницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryp9i3cdhieumpeEoKEHq

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека прашањето за дислокација на цементарницата „Усје“ претставува долгогодишен, наследен проблем, кој не може да се реши преку ноќ, но нагласи дека институциите за првпат јасно застанале на страната на граѓаните.

— реклама —

„Тоа е наследен проблем на сите нас. Мислам дека дислокацијата е можна, но мора да се има предвид дека станува збор за приватна сопственост и не може преку ноќ да се донесе одлука за нејзино преместување. Потребно е системски да се работи на тоа, со цел идните генерации да не се соочуваат со вакви фабрики во населени подрачја“, изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој додаде дека Град Скопје целосно ја поддржал иницијативата за дислокација и дека институциите се на страната на граѓаните кои со години алармираат за влијанието врз животната средина и здравјето.

„Апсолутно ја поддржавме иницијативата за дислокација и сме на страната на граѓаните. За првпат досега, Владата и Град Скопје застанаа зад граѓаните по ова прашање, додека претходно сите молчеа“, нагласи градоначалникот.

— реклама —

Според него, процесот бара време, правна постапка и сериозен пристап, но отворањето на темата и институционалната поддршка, како што рече, претставуваат значаен чекор кон трајно решение на проблемот.

— реклама —
cementara

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух, велат од ТИТАН Усје„Потенцираме дека: Бројките недвосми

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjsvb8chcv6j1bXNz9M4

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска на протестен марш пред Собранието

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjrlnj2te5acb2URnvnb

Нов судир околу еколошката дозвола на Усје: Активистите најавија марш, компанијата ги отфрла обвинувањата

Македонија | пред 1 седмица

media-library2m7m04bqrv9e4HmQDlS

Министерство за животна средина ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ

Македонија | пред 3 месеци

media-library7a1ktq9ij2sv8vQngoY

(Видео) Со забава, се бараше „Стоп за Усје“ иако фабриката вели дека не се одговорни за загаденото Скопје

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања