Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Денеска се празнуваат Светите Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
vera-nadez-ljubov

Денеска православните верници го одбележуваат споменот на Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија, кои со векови уживаат голема почит меѓу христијаните.

— реклама —

Според христијанското предание, Софија била Римјанка, која своите три ќерки ги воспитувала во христијанската вера, учејќи ги на вера, надеж и љубов кон Бога и кон ближните. Токму по овие добродетели биле именувани и нејзините ќерки.

Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 8 години кога, според преданието, биле изведени пред римскиот цар Адријан поради нивната христијанска вера.

— реклама —

Трите сестри биле подложени на тешки мачења, а потоа биле погубени една по една. И покрај страдањата, според преданието, тие не се откажале од својата вера.

— реклама —

По смртта на своите ќерки, Софија останала на нивниот гроб три дена, молејќи се Бог да ѝ подари смрт и да ја соедини со нив. Преданието вели дека по третиот ден и таа починала и била погребана покрај своите деца.

Празникот во народната традиција особено се поврзува со мајките и нивните ќерки. Во некои средини постои обичај на овој ден девојчињата да се израдуваат со подарок, без оглед на неговата вредност, како знак на љубов, внимание и почит.

Во македонската традиција особено е познато и заколнувањето во „вера, надеж и љубов“, зборови што се поврзуваат со трите свети маченички.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kalendar

На 23 октомври следува уште еден продолжен викенд, последен за оваа година

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
makedonija-zname-610x400-1

Граѓаните ги очекува продолжен викенд, понеделник е неработен ден

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycd482blhjr4s70Ikj4D

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, сестра Зора го прими монашкото име Хрисанта

Македонија | пред 1 месец

media-library3k8e92cjap1p6RLq4F8

Денеска е Свети Јован Крстител, еден од најзначајните христијански празници

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања