Граѓаните ги очекува продолжен викенд, понеделник е неработен ден
По повод Денот на народното востание – 11 Октомври, граѓаните ќе одмораат три дена по ред. Бидејќи празникот оваа година се паѓа во недела, понеделник е прогласен за неработен ден, со што се продолжува викендот.Празникот го одбележува почетокот на вооруженото востание во Македонија во 1941 година.Граѓаните ќе имаат можност за уште еден продолжен викенд во текот на октомври. На 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така е неработен за сите граѓани.
Македонија | пред 1 ден