Промени тема
Контакт

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, сестра Зора го прими монашкото име Хрисанта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarycd482blhjr4s70Ikj4D

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, во манастирот „Пречиста“ кај Кичево, сестра Зора го прими монашкиот потстриг и новото монашко име Хрисанта.

Монашкиот потстриг го изврши митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, а сестра Хрисанта ги положи монашките завети на послушност, смирение и целомудрие.

— реклама —

„Станувајќи нова монашка рожба на овој славен ден на Богородичното рождество, таа прими монашки потстриг од рацете на нашиот почитуван митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј, украсувајќи се со новото име Хрисанта“, објавија од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.

Оттаму наведуваат дека сестра Хрисанта била духовно подготвувана под раководство на епископот Антаниски г. Партениј и дека нејзиното замонашување претставува посебна радост за сестринството во манастирот.

— реклама —

„Оваа новонасадена фиданка, грижливо одгледана од нашиот Старец, ги положи древните и свети монашки завети на послушност, смирение, целомудрие и целосно распнување за светот“, се додава во објавата.

— реклама —

Од Бигорскиот манастир ѝ посакаа на сестра Хрисанта истрајност во монашкиот живот и непрестајна молитва пред чудотворниот образ на Пресвета Богородица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k8e92cjap1p6RLq4F8

Денеска е Свети Јован Крстител, еден од најзначајните христијански празници

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
bogorodica

Еве што да направат жените за Мала Богородица

Магазин | пред 2 години

bogorodicca123213

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања