Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Детали за тепачката пред „Јане Сандански“: Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.

— реклама —

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 31 октомври, а полициските службеници го привеле М.М. (18) во 23 часот.

— реклама —

Според пријавеното, осомничениот, како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачката, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.

Во тепачката тешко бил повреден и 16-годишник од Скопје, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

— реклама —

Од СВР Скопје информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

(Видео) Хаос пред спортската сала „Јане Сандански“: „Фемили“ нападнале навивачи на Работнички, има повреден и приведен

Едно лице е повредено, а друго приведено по физички напад меѓу навивачки групи пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Според полициските информации, помала група припадници на навивачката група „Фемили“ нападнала навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“, кои чекале да влезат на спортски натпревар.Инцидентот бил пријавен денеска, 31 октомври, околу 18:55 часот во СВР Скопје.Според МВР, повеќе членови на навивачката група „

Скопје | пред 16 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pistol-zapl-2

Двајца познаници нападнале 76-годишник во неговиот дом, го удриле со кундак од пиштол и му украле пари

Скопје | пред 1 час

— реклама —
semejno-nasilstvo

Со години ја малтретирал сопругата, па ја нападнал и ја избркал од домот во Гази Баба – уапсен 39-годишен скопјанец

Скопје | пред 1 час

media-libraryhfj495a97pes8vvc9ni

Мајка од беровско доби кривична пријава, ја тепала својата 12-годишна ќерка

Македонија | пред 1 час

media-library9uakem203nc88ewqwYz

80-годишна жена нападната и малтретирана од снаата во семејниот дом во Аеродром

Скопје | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања