Промени тема
Контакт

Детали за убиството во Хрватска: Колегата се исплашил, па 19-годишникот отишол на фатална достава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryqj1ahs6oq9kq2VbazTa

Хрватската полиција интензивно трага по 50-годишниот Кристијан Алексиќ од Дрниш, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на пица, кој бил застрелан во саботата вечерта на терасата од семејната куќа на осомничениот.

— реклама —

Според хрватските медиуми, младото момче работело викенд-смена во локална пицерија за да замени колега. Кога пристигнала нарачка за Кристијан Алексиќ, кого многумина во Дрниш го избегнувале од страв, колегата кој требало да ја изврши доставата признал дека не сака да оди. Тогаш 19-годишникот наводно рекол дека ќе оди заедно со него и дека „нема да има проблем“.

По пристигнувањето пред куќата на Алексиќ, момчето излегло од возилото и тргнало кон влезот, кога одекнале неколку истрели. Младиот доставувач паднал погоден, додека неговиот колега во паника избегал и веднаш ја повикал полицијата.

— реклама —

Во потрагата по осомничениот се вклучени и специјални полициски сили, а теренот околу Дрниш се пребарува и со дронови. Полицијата претпоставува дека Алексиќ се крие во густо пошумено подрачје.

— реклама —

Осомничениот и претходно бил осуден за убиство. Во 2002 година добил 12 години затвор за свирепо убиство на 24-годишна девојка, извршено во 1994 година, кога ја нападнал со нож и метална шипка. Му била изречена и мерка задолжително психијатриско лекување.

Против него во 2023 година била поднесена и кривична пријава за недозволено поседување оружје и експлозивни материи. Истрагата за најновото убиство е во тек, а полицијата сè уште трага по бегалецот.

— реклама —
Hrvatska-policija

Убиство во Хрватска: 19-годишен доставувач застрелан додека носел храна

Во Дрниш, Хрватска синоќа е убиено 19-годишно момче, а полицијата интензивно трага по осомничен 50-годишен маж кој по пукањето избегал.Според соопштението на полицијата, убиството се случило околу 23:05 часот на тераса од семејна куќа. Осомничениот К.А. со огнено оружје пукал кон 19-годишниот хрватски државјанин, кој починал на местото од здобиените повреди.Според хрватските медиуми, младиот човек работел како доставувач на храна и токму ја доставил нарачката до осомничениот, по што бил застрела

Свет | пред 4 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 2 дена

— реклама —
evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 2 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 5 дена

zagreb

Работниците во јавниот превоз и комуналните служби штрајкуваат во Загреб

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања