Тинејџерка се бори за живот по страотната несреќа на трамвајот во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Седумнаесетгодишната Ела Јовановиќ се бори за живот откако во тешка сообраќајна несреќа во Сараево ѝ беше ампутирана ногата, додека 23-годишната студентка на Академијата за ликовни уметности Ердоган Моранкиќ го загуби животот на лице место.

— реклама —

Ела е хоспитализирана на интензивна нега, под постојана реанимација и терапија. Директорот на Општата болница „Абдулах Накаш“, Исмет Гавранкапетановиќ, изјави дека нејзината здравствена состојба останува исклучително сериозна.

— реклама —

Несреќата се случи кога трамвај, под сè уште неразјаснети околности, со голема брзина од правец на Железничката станица, на раскрсницата во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина, удри во граѓани кои чекале на постојката. Загинатата Моранкиќ и повредената Јовановиќ во моментот на несреќата чекале трамвај.

— реклама —

Меѓу повредените има уште тројца граѓани, кои по укажаната лекарска помош се испратени на домашно лекување.

Возачот на трамвајот е уапсен и се сомничи за сторено кривично дело тешки кривични дела против безбедноста на јавниот превоз, во врска со кривичното дело загрозување на јавниот превоз. Во тек се истражни дејствија и вештачења со цел да се утврди точната причина за трагедијата.

Несреќата предизвика силни реакции во јавноста. Студенти и ученици се собраа пред Националниот музеј, барајќи правда за загинатата и повредените. За утре е најавен нов протест на истата локација, додека кантоналната влада го прогласи 14 февруари за Ден на жалост во целиот кантон.

media-libraryabggc52skr31dZG3uRH

(Видео) Снимен моментот кога трамвај излета во Сараево: загина 23 годишно момче, четири повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу пладне во населбата Марин Двор во Сараево, кога трамвај на јавното сообраќајно претпријатие ГРАС излета од шините, удри во трамвајска станица и заврши на главната сообраќајница.Во несреќата животот го загубил 23-годишен млад човек, додека четири лица се повредени. Една девојка е хоспитализирана во Општа болница „Прим. др. Абдулах Накаш“, каде поради сериозноста на повредите ѝ била ампутирана нога. Според информациите од медицинските служби, во тек се интензивни реанимациски мерки и терапија.Од Итната медицинска помош претходно соопштија дека во инцидентот се повредени вкупно четири лица, а дел од нив се задржани на понатамошно лекување.Увидот на местото на несреќата сè уште трае и ќе продолжи и утре, кога се очекуваат дополнителни информации за причините што довеле до излетувањето на трамвајот од шините и за евентуална одговорност.

Свет | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Свет | пред 1 ден

media-libraryabggc52skr31dZG3uRH

(Видео) Снимен моментот кога трамвај излета во Сараево: загина 23 годишно момче, четири повредени

Свет | пред 1 ден

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Видео) Трамвај излета од шините во центарот на Сараево: Едно лице загина, малолетничка остана без нога

Свет | пред 1 ден

media-libraryqrjb6mrueq09647Jk2N

(Видео) Трагедија во Сараево: Трамвај излета од шини, една жена загина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања