Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Детската клиника се соочува со недостиг од медицински сестри, Мемеди уверува дека сите пациенти се згрижуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryik5o3lgvd9v8bo0Op5n

Детската клиника во Скопје се соочува со недостиг од медицински сестри, поради што привремено се споени два оддела, информираше денеска директорот на установата, Реџеп Мемеди.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мемеди истакна дека сите оддели имаат голема фреквенција на пациенти од целата држава, поради што било неопходно да се преземат организациски мерки.

— реклама —

„Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа и распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела за да можеме да имаме на располагање сестри кои ќе покриваат дежурства. Станува збор за Имунологија и Пулмологија А. Одделот не е укинат, туку ова е привремено решение за да го пребродиме периодот кога немаме доволен број кадар“, изјави Мемеди.

— реклама —

Тој нагласи дека, и покрај намалениот капацитет за прием, ниту едно дете не се враќа без да биде згрижено.

— реклама —

„Ќе најдеме место, ги згрижуваме и ги третираме сите пациенти. Но, поради недостатокот од медицински сестри, двата оддела ги спојуваме за да обезбедиме доволен број вработени кои ќе можеме да ги организираме за дежурства“, додаде директорот на Детската клиника.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk50ghlgu8iav2B43KiF

(Видео) Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Детска клиника: Малата Ана ја победи болеста

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrr88b1tdi0t47VAj0An

(Видео) Радост на Детската клиника – Дамјан победи по долгата битка за здравје

Македонија | пред 7 месеци

detska-klinika

Настава и за децата на Детската клиника – од септември почнува образовна поддршка за тешко болни ученици

Македонија | пред 11 месец

detska-klinika

Седуммесечно бебе почина на Детската клиника

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања