Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Девет лица уапсени во Косово под сомнение за воени злосторства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
kosovo-1

Девет лица се уапсени во општина Зубин Поток под сомнение дека извршиле воени злосторства, објави приштинската телевизија „Клан Косова“.

— реклама —

Апсењата се дел од полициска операција спроведена рано утрово под кодното име „Досие 23“, по наредба на Специјалното обвинителство на Косово. Во акцијата учествувале Дирекцијата за истрага на воени злосторства и други специјализирани полициски единици.

— реклама —

Според обвинителскиот систем, операцијата е поврзана со случајот познат како „Група интелектуалци“. Специјалното обвинителство и косовската полиција најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста за деталите од операцијата и преземените дејствија.

— реклама —

Случајот се поврзува со ископувањата што кон крајот на јуни и почетокот на август беа извршени во близина на селата Мала Калудра и Јабука во општина Зубин Поток. Тогаш биле пронајдени останки на 23 лица, за кои се поврзува дека биле дел од таканаречената „Група интелектуалци“.

ДНК-анализата на три од пронајдените останки, извршена во Хаг, потврдила дека станува збор за членови на „Групата интелектуалци“ кои исчезнале на 19 април 1999 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 6 часа

— реклама —
kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 4 дена

kosovo-1

Татко го убил синот, два смртоносни инцидента за три дена во Косово

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Двојно убиство во Косово: Маж ги убил сопругата и пријателот

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања