Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Девет возачи уапсени – дел возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи поради безобѕирно управување моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, еден возел под дејство на алкохол, а еден со активна забрана за управување, исто така под дејство на алкохол.

— реклама —

Случаи на возење без дозвола се регистрирани кај двајца возачи во Скопје, како и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово. Во Валандово е затекнат и возач кој управувал возило под дејство на алкохол, додека во Свети Николе еден возач бил фатен како вози со активна забрана и под дејство на алкохол.

— реклама —

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со изречена забрана за возење, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 15 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања