Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Девет знаци дека сте добар родител, според психолог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library34tm5r8982b29rSssfM
Photo by Bethany Beck on Unsplash

Родителството носи бројни предизвици, а многу родители често се прашуваат дали ги воспитуваат своите деца на вистински начин. Според психолозите, на децата не им се потребни совршени родители, туку луѓе покрај кои ќе се чувствуваат безбедно, сакано и прифатено.

— реклама —

Чувството на сигурност се гради преку секојдневната комуникација и односот што родителите го создаваат со своите деца. Токму тоа, според психологот и мајка, Џејми Блок, е основата за развој на самодоверба, емоционална стабилност и здрави односи во иднина.

— реклама —

Таа издвојува девет знаци кои покажуваат дека сте родител на кого детето му верува и покрај кого се чувствува сигурно:

— реклама —
  • Го слушате детето без веднаш да нудите решение;

  • Знаете да се извините кога ќе згрешите;

  • Не ги префрлате сопствените емоции врз детето;

  • Не го споредувате со други деца;

  • Го сакате без услови;

  • Навистина сте присутни во неговиот живот;

  • Поставувате јасни и доследни граници;

  • Ја поттикнувате неговата самостојност;

  • Ги истакнувате неговите доблести и успеси.

Блок нагласува дека сигурното родителство не значи секогаш да се има вистинскиот одговор или никогаш да не се прават грешки. Напротив, важно е родителите да знаат да ги препознаат своите пропусти и да ги исправат.

— реклама —

„Најважно е детето да знае дека секогаш може да ви се обрати кога му е потребна помош, поддршка или разбирање“, истакнува психологот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaiimqv22kg0rcyJ18cO

Детски психијатар предупредува: Оваа грешка родителите често ја прават со тинејџерите

Магазин | пред 3 часа

media-librarykol8cbnf3vj1bOosltm

Овие шест навики им помагаат на децата да станат посигурни и поотпорни

Магазин | пред 4 седмици

media-libraryjues5de42o2o5MgwWcR

11 знаци дека вашите родители добро ве подготвиле за животот

Магазин | пред 1 месец

media-library34tm5r8982b29rSssfM

Шест реченици што ги слушаат децата со добри родители

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања