Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Девојка повредена во автобус на линијата 23 по нагло кочење, сведочи граѓанин кој алармира за небезбеден превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

Стефан Дувњак, јавно алармира за инцидент што се случил утрово во автобус на линијата 23, при што, според неговото сведоштво, била повредена девојка откако возачот нагло закочил на семафор. Според објавата, по наглото кочење повеќе од 20 патници биле оттурнати од задниот кон предниот дел на автобусот, паѓајќи на подот, при што биле откорнати и дел од држачите во возилото.

— реклама —

„Сабајлево во 23-ка девојка повредена кога возач на автобус нагло закочи на семафор со кола пред него и 20 луѓе летаа од задниот до предниот дел на автобусот паѓајќи на земја со откорнати држачи околу нив. Плачење, офкање, болки и дрзок однос на возачов кој уште продолжува да си вози додека човек му лежи на земја и се превиткува во болки.

— реклама —

Истава ситуација пред месец дена се случила и во Автокоманда.

Влада на Република Северна Македонија и Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski прави ли некој контрола на тоа кој вози автобуси, дали имаат потребно искуство и најбитно исправни автобуси. Застануваат кога сакаат и каде сакаат, 50% од нив се со мобилен телефон во рака или со цигара и повеќе се расправаат со патници него што внимаваат на сообраќај, а дополнително уште и се лути како тоа за прекршок со новите правила за Сејф Сити ќе требало да си ги плаќаат казните.

— реклама —

Апел до сите што користат јавен превоз да бидат особено внимателни во преполниве автобуси и никако да не користат мобилни телефони додека се возат затоа што и мало невнимание на несовесен шофер може да предизвика потешка телесна повреда“, напиша тој.

— реклама —
media-library2ut6901nasb92dFWH9D

По ова следуваа низа други сведоштва:

media-library68lfja2pn9sd2EMBZ88

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

(Видео) Почна тестирањето на специјалниот А350 што ќе ги поврзе Австралија, Европа и Америка без застанување

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-library46q0769ggalhc3Zs4hV

(Фото) Автобус се запали кај патарината во Велес, се издига густ црн чад

Македонија | пред 1 месец

media-library3he2mtqfnmidaGnhCBS

Автобус со ученици од „Орце Николов“ четири пати се расипувал на враќање од екскурзија

Скопје | пред 1 месец

media-librarysh812f4nb3u1dgMFSRR

Трагедија на границата Бугарија-Турција: две лица загинаа, 16 повредени откако автобус тргнал наназад и прегазил патници

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања