Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Дехари е симбол на понижување и сексуална злоупотреба на жените, ДУИ го прикрива срамот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ја обвини ДУИ дека се обидува да го прикрие скандалот со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој, според партијата, направил брутална злоупотреба на функцијата и сексуално ги понижувал жените вработени во општината.

„Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Тој е симбол на брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во јавноста се појавиле снимки кои, како што велат, ја откриваат одвратната вистина за Дехари, на кои се слуша како тој малтретира и сексуално понижува жени на работно место.

„Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност,“ стои во реакцијата.

— реклама —

Наместо оставка и извинување, според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ се обидува да го прикрие скандалот, нарекувајќи ги снимките „фабрикувани материјали“ и „шпекулативни и монтирани снимки“, со што, како што тврдат, партијата ја замајува јавноста и се обидува да го релативизира случајот.

„Евтин е обидот на ДУИ скандалот да го претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека на снимките се слуша како жените вработени во општината се принудени да го бакнуваат и дури да му седнуваат во скут на Дехари. „Ова недолично и некултурно однесување не заслужува никакво оправдување,“ додава партијата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ова е нивото на кое паднала ДУИ – да брани функционери кои сексуално малтретираат жени. „Дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и семејствата со ваквото однесување?“

Партијата нагласува дека граѓаните на Кичево и целата јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам, истакнувајќи дека ниту една жена не смее да биде третирана како објект.

— реклама —

„Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и заштитени,“ стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара Фатмир Дехари веднаш да поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. Исто така, ги повикува жените од ДУИ да го осудат неговото однесување, а сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените – да реагираат јасно и без компромис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmeti

ДУИ: Втор ден молк, Инспекторатот за употреба на јазиците да си ја врши работата или да следуваат оставки

Македонија | пред 13 часа

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: „Без ниту еден директор Албанец, со незаконски заменик-директор. Зошто молчи Програмскиот совет на МРТ“

Македонија | пред 16 часа

dui

„Каде е инспекторатот за употреба на јазиците? Директорот на ВЛЕН веднаш да поднесе оставка“, велат од ДУИ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqbd711ajlsod0GY7oVF

ДУИ: Град Скопје ги коригираше сликите, но повторно го изостави албанскиот јазик

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања