Поранешниот аргентински репрезентативец Анхел ди Марија смета дека Лионел Меси не треба да размислува за крај на репрезентативната кариера и дека треба да продолжи да настапува сè додека има желба за тоа.
Изјавата доаѓа по шпекулациите дека финалето на Светското првенство, во кое Аргентина по продолженија загуби од Шпанија со 1:0, можеби бил последниот настап на Меси во националниот дрес.
„Лео треба да продолжи да игра сè додека тоа го сака. Мислам дека може да игра уште многу години. На 39 години покажа дека сè уште е еден од најдобрите и може да остане еден од најголемите во историјата. За него нема граници, нема повеќе што да докажува“, изјави Ди Марија.
Тој се осврна и на иднината на селекторот Лионел Скалони, истакнувајќи дека би сакал да остане на клупата на аргентинската репрезентација.
„Скалони е лидер на оваа репрезентација и се надевам дека ќе остане. Создава одлична генерација млади играчи и тоа е многу важно. Одлуката е негова, но како Аргентинец би сакал да продолжи“, порача Ди Марија.