Промени тема
Контакт

Дијана Петрова е годинешен добитник на наградата „Живко Чинго“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
markica

Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии.

— реклама —

Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман; Битола: Нов Вавилон, 2018), „Не правете им сенка на гробвите“ (збирка раскази; Скопје: Антолог, прво издание 2020, второ издание 2021), „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште (роман; Скопје: Антолог, 2023).

Авторка е на многу есеи и раскази кои се објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно, Медуза, Млади македонисти, Премин).

— реклама —

Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Петрова беше добитник на престижната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ и минатата 2024 година за нејзиниот расказ „Јоанес Даубманус“.

— реклама —

Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај за избор на најдобрар расказ за 2025 година истакна:

„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“

— реклама —

На Конкурсот кој традиционално го објавува Општина Охрид, пристигнаа вкупно 69 раскази.

Наградата на авторката Дијана Петрова ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања