Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Димитриевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarydnp783b299cs0TJxAjC

СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ

„Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски.

— реклама —

Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).

Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?

— реклама —

Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна.

 Затоа е паниката во власта.

 Наместо да се соочат со фактите, тие водат медиумска кампања за дефокусирање на јавноста од енормните количини запленета дрога.

— реклама —

 СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања:

 Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?

— реклама —

 Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата?

 Ова нема лесно да заврши! Сите ќе одговараат“, вели Димитријевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 2 дена

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 3 дена

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања