Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Димитриевски: ЗНАМ нема да биде дел од Владата доколку ваквиот нереформиран ДУИ биде дел од некоја идна влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryc14goterpb412cBLM92

Максим Димитриевски (ЗНАМ) порача дека мора да престанат двојните стандарди и „репризите“ од минатото. За притворот на Артан Груби рече дека е порака оти институциите мора еднакво да постапуваат за сите и го пофали министерот Филков за принципиелност. ЗНАМ влегол во власта за почитување на Уставот и законите и најави преиспитување ако се вратат старите практики. Димитриевски одби учество во влада со „нереформиран ДУИ“. За правосудниот испит инсистира на македонски јазик и против „биетнички“ паралелизам. ЗНАМ бара и изборни реформи (90 пратеници, една ИЕ, цензус 2,5–3%).

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ порача дека државата мора да стави крај на двојните стандарди и „репризите“ од минатото.

Осврнувајќи се на одлуката за притвор за Артан Груби, Димитриевски истакна дека испратена е јасна порака дека институциите мора да постапуваат еднакво за сите, нагласувајќи дека министерот за правда Филков постапил принципиелно и одговорно, согласно своите законски
надлежности.

— реклама —

„Македонија е држава и мора сериозно да се постави пред овие предизвици. Недозволиво е лице кое ја напуштило државата и се враќа по 14 месеци да седи дома, да пие чај и гледа ТВ, додека други граѓани завршуваат во притвор за многу помали дела. Граѓаните мора да бидат еднакви пред законот“ – рече тој.

— реклама —

Тој нагласи дека ЗНАМ влегол во власта за да гарантира почитување на Уставот и законите и предупреди дека нема да дозволат повторување на старите практики.

— реклама —

„Доколку видиме елементи на реприза, ќе го преиспитаме нашето учество во власта“ - потенцираше Димитриевски.

Во врска со шпекулациите за евентуална коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Димитриевски посочи дека нема сознанија за таков договор, но беше децидно јасен:

„ЗНАМ нема да има свои претставници во владата доколку ваквиот, нереформиран ДУИ биде дел од некоја идна влада.“

Во однос на најавите за измени поврзани со правосудниот испит, Димитриевски посочи дека законот предвидува полагање на македонски јазик како службен јазик на целата територија на државата и дека ЗНАМ нема да поддржи решенија кои би создале дисбаланс во системот.

„Станува збор за стручен испит за кој законот јасно пропишува дека се полага на македонски јазик како службен јазик на целата територија на државата. Ние се залагаме за мултиетничко општество во кое сите заедници се почитуваат и имаат еднакви права, но не за создавање биетнички систем што ќе воведе паралелизам во институциите. Правната држава мора да биде единствена и функционална за сите граѓани. Затоа, доколку биде предложен нов закон или законски измени во таа насока, ЗНАМ нема да ги поддржи.“

Димитриевски истакна дека партијата е подготвена за избори во секој момент, но одлуката ја носи парламентарното мнозинство.

Во делот на изборните реформи, потсети дека ЗНАМ се залага за намалување на пратеничкиот состав од 120 на 90 пратеници, воведување на една изборна единица и утврдување изборен цензус од 2,5 до 3 проценти, како и за појасно и попрецизно дефинирање на условите за независните кандидати, со цел пофункционален и поправеден политички систем.

На крајот од гостувањето, Димитриевски порача дека ЗНАМ останува доследно на своите принципи - владеење на правото, институционална одговорност и еднаквост на сите граѓани, делувајќи како гарант дека државата ќе функционира по Устав и закон, со јасна реформска насока и одговорност кон граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9vgtvm8jn67sa220RK0

Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра!

Македонија | пред 1 месец

media-library0qvrddlntb7l1zMteUx

(Фото) Меџити му подаде рака на Димитриевски – Вреди ќе му се поддршка за вториот круг во Куманово

Македонија | пред 5 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

Македонија | пред 6 месеци

maksim-dimitrievski0123

Карапејовски во единицата, Стојчевски прв во двојката а Минчев последен, Бендевска носител во 5-та ИЕ

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања