„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Директорот на АВМУ рече „инфлуенсерите не се регистрираат за да не се види кој ги финансира“, тие вратија: Зошто е опседнат?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-librarybekvgher37971AdX27h
Инлустрација (лево инфлуенсери, десно Зоран Трајчевски директор на АВМУ)

Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, вели дека нерегистрираните портали и инфлуенсери избегнуваат регистрација не поради надоместокот, туку поради обврската да ги откријат изворите на финансирање, особено во изборни процеси со недорегулирани правила. Здружението на инфлуенсери реагира дека обвинувањата се навредливи: приходите се пријавени, се плаќа данок и исплатите одат преку сметки. Бараат законита и пропорционална регулација и дијалог. Министерот Стефан Андоновски најави можни измени на правилникот за задолжителна регистрација, а дебатата за третманот на инфлуенсерите како медиуми останува отворена.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, вели дека проблемот со нерегистрираните онлајн портали и инфлуенсери не е во висината на надоместокот, туку во транспарентноста на финансирањето.

— реклама —

„Се залагавме онлајн порталите да бидат препознаени како медиуми, но тоа не е целосно завршено, особено во изборните процеси каде нема соодветни регулативи. Се појавуваат влијателни интернет-портали што не се дел од регистарот на Агенцијата. Не плаќаат надоместок бидејќи треба да достават извештаи за изворите на финансирање, а не сакаат да го откријат тоа. Истото важи и за инфлуенсерите“, изјави Трајчевски.

Тој нагласува дека надоместоците се симболични, но дека одредени субјекти одбиваат да ги откријат изворите на финансирање, а потоа, според него, реагираат дека им се напаѓа слободата на говор.

— реклама —

На ваквите изјави остро реагираше Здружение на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини, оценувајќи дека квалификациите се неосновани, навредливи и опасни.

„Зошто директорот на ААВМУ е опседнат со чесно заработените пари на инфлуенсерите, за кои веќе е платен данок? Инфлуенсерите во Македонија не заработуваат ‘црни пари’. Секоја соработка се реализира со договор, исплатите се вршат преку трансакциски сметки и се предмет на персонален данок согласно законите. Да се сугерира дека прикриваме приходи значи цела индустрија да се етикетира како сомнителна“, наведуваат од Здружението.

Оттаму посочуваат дека Агенцијата не е даночен орган и дека не смее преку медиумски изјави да создава впечаток дека инфлуенсерите функционираат во „сива зона“. Дополнително, тврдат дека нема законска основа компаниите да можат да соработуваат само со регистрирани инфлуенсери.

„Не бегаме од транспарентност и одговорност, но регулацијата мора да биде законита, пропорционална и усогласена со европските практики“, додаваат тие, оставајќи простор за дијалог.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претходно кажа дека ги разбира барањата на инфлуенсерите и дека можни се измени на правилникот донесен врз основа на законските измени од 2023 година.

„Постои правилник кој бара задолжителна регистрација. Ги слушнав коментарите на Здружението и мислам дека вреди да се дискутира. Можно е да има промени, бидејќи не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како платформите за споделување содржини“, рече Андоновски.

Отворена останува дебатата дали инфлуенсерите треба да бидат третирани како медиуми и под кои услови – прашање што, очигледно, ќе бара поширока институционална и јавна расправа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhh5agcdug3tk96oYbPx

Регистрацијата на инфлуенсери ќе се преиспитува: Андоновски и Владата ќе се сретнат до претставници на здружението

Македонија | пред 1 седмица

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

По реакциите: Министерството за дигитална трансформација најави консултации за Водичот за инфлуенсери и промената на Законот за аудиовизуелни услуги

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqkoti0eri4er7cHblgW

Костова за најавениот закон: Идиотско решение без здрав разум и без врска со даноци

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања