Промени тема
Контакт

Директорот на Царинска управа: Ги затегнавме чешмите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-38f5ec91d64f7488ac0ae87ba6e56f76-V

Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите 5 месеци.

Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година. Ова беа дел од поентите на директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостувањето во емисијата „За или против" на Алфа телевизија.

Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци.

— реклама —

"Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година", истакна Николовски.

— реклама —

Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека.

"Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички", вели Николовски.

— реклама —

Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања