Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Вандализам во училиште во Штип, уништени кабинети, врати и смарт табли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarybta4k7jsfrgsbQ7CsqI

Директорот на ООУ „Ванчо Прке“ во Штип, Кокан Радев, потврди дека во училиштето се случил инцидент во кој непознато лице влегло во објектот и предизвикало значителна материјална штета.

— реклама —

Според неговата изјава, упадот се случил во ноќните часови, најверојатно пред полноќ, при што лицето се задржало во дел од училишните простории, а потоа се движело низ училниците и кабинетите на предметната настава.

— реклама —

Тој наведе дека се оштетени повеќе кабинети, при што се уништени врати, ѕидови, училишен инвентар и смарт табли, а дел од просториите биле испишани со спреј. Една од безбедносните камери, според него, исто така била цел на обид за оневозможување, но системот продолжил да снима.

— реклама —

Радев истакна дека, според досегашните информации, се работи за едно лице кое е забележано од безбедносните камери, но конечната проценка и утврдување на околностите е во надлежност на полицијата.

— реклама —

Во тек е увид и проценка на штетата, а од училиштето очекуваат санацијата да биде завршена во наредните денови, со цел наставата да продолжи нормално.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj4kjb8bl7jrh9H2WlcX

Седум цистерни доставуваат техничка вода во Штип, Црвениот крст обезбедува вода за пиење

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarydre7mnlq7eml8TKZyya

Јорданов прогласи кризна состојба во делови од Штип: По 40 часа без вода, нов дефект ќе го продолжи прекинот за уште 24 часа

Македонија | пред 3 дена

media-library9bf7hf3lajgs0P4sOtq

Разбиена група дрвокрадци во Штип, одземени возила за превоз на нелегално исечени дрва

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymcv6788i3csobUlP3AH

Претрес во Штип: пронајдени марихуана, грутчеста материја и дигитални ваги

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања