Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Директорот на ПИОМ смирува: Нема опасност за пензиите и здравственото осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryu63u6oua2oucbBKdWGE
unsplash - Ignat Kushnarev

И покрај финансиските предизвици и забелешките наведени во последниот ревизорски извештај, директорот на ПИОМ, Никола Мемов, уверува дека исплатата на пензиите и здравственото осигурување на пензионерите не се доведени во прашање.

Ревизорскиот извештај покажува дека приходите од придонеси во 2024 година пораснале за 14 проценти и достигнале 71,4 милијарди денари, но тоа не било доволно за да се покријат расходите за пензии, кои надминале 90,2 милијарди денари. Поради тоа, зависноста на ПИОМ од државниот буџет повторно се зголемила, при што учеството на буџетските средства достигнало 36,71 проценти од вкупните приходи на Фондот.

Државниот завод за ревизија даде неповолно мислење за финансиското работење и законитоста на работењето на ПИОМ, посочувајќи низа системски слабости кои, според Фондот, се провлекуваат со години.

— реклама —

Од ПИОМ велат дека најголем дел од констатираните состојби се однесуваат на периодот кога институцијата била раководена од претходното раководство, додека актуелниот менаџмент ја презел функцијата во последниот квартал од 2024 година.

Мемов нагласува дека системот функционира непречено и дека во ниту еден момент не било доведено во прашање правото на здравствено осигурување на пензионерите.

„Во ниту еден момент не е доведено во прашање правото на здравствено осигурување“, посочуваат од ПИОМ, додавајќи дека пензионерите континуирано ги добиваат сите здравствени услуги.

— реклама —

Во меѓувреме, со последните законски измени, пензиите беа зголемени за околу 7.000 денари месечно за повеќе од 347.000 пензионери, што на годишно ниво претставува дополнителен трошок од околу 30 милијарди денари.

Според Мемов, токму зголемувањето на пензиите придонело за раст на обврските кон Фондот за здравствено осигурување и Вториот пензиски столб, а не нефункционирањето на системот.

— реклама —

Ревизијата, исто така, констатирала значителни доцнења во трансферите кон приватните пензиски фондови. Иако пресметките се извршуваат навремено, исплатите доцнат во просек околу два месеца.

До февруари 2026 година, нераспределените придонеси кон приватните пензиски фондови достигнале 2,59 милијарди денари. Дополнително, ПИОМ не ги уплаќал навреме ниту придонесите за здравствено осигурување, при што доцнењата достигнувале и до осум месеци, а неплатените обврски изнесувале околу 136 милиони евра.

Дополнителен предизвик за долгорочната одржливост на пензискиот систем претставува и влошениот сооднос меѓу осигурениците и пензионерите, кој во однос на 2023 година бележи негативен тренд.

— реклама —

Мемов неодамна предложи да се разгледа и можноста пензионерите, доколку сакаат и се работоспособни, да можат повторно да се вклучат на пазарот на трудот.

„Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба треба да имаат можност за работа. Пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив, особено во приватниот сектор“, изјави Мемов.

Според него, ваквата мерка би придонела за намалување на недостигот од работна сила, зголемување на приходите од придонеси и дополнителен приход за самите пензионери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fond-penzisko-piom

ПИОМ по ревизорскиот извештај: Надминати се слабостите, пензискиот систем функционира непречено

Македонија | пред 1 седмица

penzija

Ревизија: Фондот за ПИОМ не може да ги покрие пензиите без пари од буџетот

Македонија | пред 2 седмици

penzioneri

Декемвриската пензија на 2 јануари 2026 година

Македонија | пред 6 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Мемов: ПИОМ не бара зголемување на старосната граница за пензија

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања