Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мемов: ПИОМ не бара зголемување на старосната граница за пензија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library3j784da4mmm6epYsOAt
ФБ

Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа, смета дека линеарното зголемување на пензиите е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите.

Во март пензионерите ќе добијат уште едно линеарно покачување од 1.000 денари. Сепак, овој модел е привремен.

— реклама —

Според Мемов, веќе од септември планирано е враќање на старите законски одредби, со што пензиите повторно ќе се усогласуваат процентуално, според таканаречениот „швајцарски модел“.

Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна.

— реклама —

,,Во буџетот за 2026 година предвидени се околу 117 милијарди денари за исплата на пензии. Меѓутоа, предвидено е и исплата на здравственото осигурување на пензионерите, исто така и транзициските, практично трошоци кон пензиските друштва во вториот столб. За таа цел, за да биде системот заокружен и одржлив, Владата ќе обезбеди околу 62 милијарди денари, тоа е околу 1 милијарда евра, трансфери кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за обезбедување навреме исплата на пензиите, на здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци кон вториот столб”, рече Мемов.

— реклама —

Директорот на Фондот отфрли какви било шпекулации за зголемување на старосната граница за пензионирање, уверувајќи дека за такво нешто не се размислува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fond-penzisko-piom

ПИОМ по ревизорскиот извештај: Надминати се слабостите, пензискиот систем функционира непречено

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu63u6oua2oucbBKdWGE

Директорот на ПИОМ смирува: Нема опасност за пензиите и здравственото осигурување

Македонија | пред 1 месец

penzija

Ревизија: Фондот за ПИОМ не може да ги покрие пензиите без пари од буџетот

Македонија | пред 1 месец

penzioneri

Декемвриската пензија на 2 јануари 2026 година

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања