Дваесет и едногодишната бразилска студентка Марија Едуарда Родригес де Фреитас, која трагично загина при банџи-скок откако била турната од мост без да биде прицврстено безбедносното јаже, давала знаци на живот веднаш по падот, откри медицинска сестра која меѓу првите пристигнала на местото на несреќата, како што пренесува dailymail.
Трагедијата се случила на напуштениот „Мост на скелетите“ во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Девојката паднала од височина од околу 40 метри, откако инструкторите, според истрагата, заборавиле да го поврзат јажето со нејзиниот сигурносен појас.
Медицинската сестра Раиза Дијаз изјавила дека кога спасувачките екипи пристигнале, младата студентка сè уште дишела и имала слаб пулс.
„Ѝ зборував дека никој не умира во мојата смена. Дишеше кога стигнав до неа“, изјавила Дијаз за бразилските медиуми.
По несреќата биле приведени шест лица, додека тројца организатори останале во притвор под сомнение за убиство со евентуална умисла. Тие тврдат дека за време на подготовките доживеале „помрачување на свеста“ и не можат да се сетат кој бил задолжен за последната безбедносна проверка на опремата.
Дополнителна контроверзија предизвикале тврдењата на очевидецот Рафаел Гулар, кој чекал да дојде на ред за скок. Тој изјавил дека еден од вработените ја отстранил GoPro камерата од телото на девојката додека таа сè уште лежела на земја.
„Го видов како ја трга камерата од нејзиниот врат. Не знам дали сакаше да ја зачува опремата или да отстрани доказ“, рекол Гулар.
Полицијата потврдила дека Марија користела акциона камера за да го сними скокот, но таа сè уште не е пронајдена. Вработените, наводно, им кажале на истражителите дека не знаат каде се наоѓа.
Снимките од трагедијата покажуваат дека студентката носела кацига и сигурносен појас, додека јажето што требало да биде прицврстено се наоѓало на земја покрај инструкторите. Во моментот кога била турната од платформата, присутните панично извикувале: „Јажето, луѓе, јажето!“
Уште поголема морничавост на случајот му дава фактот што само неколку часа пред несреќата Марија на социјалните мрежи објавила фотографија со предупредување на кое пишувало: „Опасност. Ризик од смрт“. Само неколку часа подоцна, таа го загубила животот.
Манекенка загина при банџи скок, инструкторите заборавиле да ѝ го прицврстат јажето
Дваесет и едногодишната бразилска манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас трагично загина при банџи скок од мост висок 40 метри во бразилската сојузна држава Сао Паоло, откако организаторите не го прицврстиле безбедносното јаже на нејзиниот појас.Несреќата се случила на мостот Понте до Ескелето во градот Лимеира. Според локалните медиуми, непосредно пред скокот младата манекенка објавувала фотографии и пораки на социјалните мрежи, изразувајќи возбуда поради авантурата.На снимка која брзо се
Свет | пред 1 седмица